Достапни линкови

logo-print

Русија и Турција може да соработуваат за Сирија


Русија и Турција најверојатно ќе ја обноват соработката за надминување на сириската криза, откако лидерите на двете земји во денешниот телефонски разговор се договорија да ги нормализираат билатералните односи, пренесуваат медиумите, повикувајќи се на изјава на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Лавров, кој се наоѓа во посета на Франција, исто така, кажа дека за сириската криза и други прашања ќе разговара со својот турски колега, на нивната средба закажана за 1 јули, во Сочи, на маргините на засеаданието на Советот на министри за надворешни работи на Организацијата за црноморска економска соработка.

XS
SM
MD
LG