Достапни линкови

САД нуди поддршка на Турција по нападите


САД нуди поддршка на турките власти во истрагата и справувањето со безбедносната ситуација во земјата по нападите во Истанбул, му рекол американскиот претседател Барак Обама на неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор.

Во меѓувреме генералниот секретар на Организацијата за исламска соработка, Ијад Мадани, повика на меѓународна соработка за да се запре тероризам и да се пронајдат причините за истиот.

При нападот на аеродромот Ататурк во Истанбул, загинаа 41 човек, а 239 се повредени. Аеродромот кој беше цел на терористички напад, не е затворен за сообраќај, а летовите се реализираат со смален капацитет.

XS
SM
MD
LG