Достапни линкови

logo-print

УКИМ реагира за новите универзитети


Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на денешната седница изразил загриженост за влијанието на, како што посочуваат, експанзијата на новоформираните државни универзитети врз функционирањето на постојните универзитети. Од УКИМ посочуваат дека постоечките универзитети веќе имаат сериозни проблеми, како недоволно млад кадар, минимални средства за научна дејност, немање доволно пари за изведување на настава и други проблеми. Од универзитетскиот Сенат очекуваат нивните укажувањата да бидат земени предвид кога се прават промени во образованиот систем.

XS
SM
MD
LG