Достапни линкови

ЕУ обединета после Брегзит


Лидерите на ЕУ велат дека се решени да останат обединети по британскиот референдум на кој граѓаните на оваа земја одлучија да излезат од Унијата. По Самитот без британскиот премиер Дејвид Камерон денеска во Брисел, тие ја предупредија Велика Британија дека ако сака да го користи слободниот европски пазар по излегувањето од Унијата, тогаш ќе мора да прифати и слободно движење на граѓаните на ЕУ во Британија. Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека лидерите на Европа се соочува со многу сериозна состојба, но оти останатите 27 земји членки на Унијата може да се справат со ситуацијата.

XS
SM
MD
LG