Достапни линкови

Груевски во Брисел се сретнал и со Хан


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за време на партиската посета во Брисел, се сретнал и со комесарот за проширување Јоханес Хан. Во изјава за МИА, Груевски вели дека на средбата со Хан, но и со другите европски политичари се зборувало дека Македонија треба да ги елиминира надворешните и внатрешните ризици. Груевски вчера рече дека посетата на Брисел е со цел да се санираат штетите од политичката криза во земјата, што според него, е предизвикана од опозициската СДСМ.

XS
SM
MD
LG