Достапни линкови

Политичарите со телеграми со сочувство до Турција


Со едноминутно молчење пратениците во Собранието на Македонија, пред почетокот на денешната седница им одадоа почит на загинатите во синоќешниот терористички напад на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул. Телеграма со сочувство денеска испратија и македонските политичари. Телеграма испрати претседателот Ѓорге Иванов и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и на СДСМ Зоран Заев. Тие го осудуваат нападот и изразуваат сочувство до турските граѓани и семејствата на жртвите.

XS
SM
MD
LG