Достапни линкови

Ердоган и Путин ги надминуваат недоразбирањата


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин денеска зборуваа по телефон, првпат откако турските сили соборија руски воен авион минатата година во ноември. Од канцелариите на двајцата претседатели соопштија дека тие зборувале за продолжување на соработката и можност да се сретнат лично. Од Канцеларијата на Ердоган велат дека двајцата лидери ветиле дека ќе се борат против тероризмот. Телефонскиот разговор уследи откако Ердоган испрати писмо во кое изразува жалење за уривањето на авионот. По инцидентот Русија ги прекина трговските врски со Турција, а Путин сега вели дека ќе почнат преговори за продолжување на трговските односи и укинување на санкциите.

XS
SM
MD
LG