Достапни линкови

logo-print

Нема настрадани Македонци при нападите во Истанбул


Нема македонски граѓани меѓу повредените и загинатите во синоќешните бомбашки напади на меѓународниот терминал на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, потврдува Министерството за надворешни работи на Македонија за МИА.

Од македонското МНР изразуваат длабоко сочувство за семејствата на сите загинати и повредени.

Авионот што синоќа полета од Скопје за Истанбул со авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ бил пренасочен и слетал на аеродромот во Измир. „Туркиш ерлајнс“ ги прекина времено летовите. Националниот авиопревозник соопшти дека сите резервации за летовите од и до аеродромот Ататурк во Истанбул меѓу 28 јуни и 5 јули 2016 година ќе бидат презакажани или патниците можат да си ги побараат парите доколку сакаат до 31 јули.

Најмалку 36 луѓе загинаа и 147 се повредени во самоубиствениот напад на истанбулскиот аеродром Ататурк.

XS
SM
MD
LG