Достапни линкови

Експлозии на аеродромот Ататурк во Истанбул


Десет луѓе се убиени во експлозии на аеродромот Ататурк во Истанбул, соопшти вечерва турскиот министер за правда. Властите велат дека двајца напаѓачи кои пристигнале на терминал на аеродромот се разнеле со експлозив кога полицијата почнала да пука кон нив.

Снимките покажуваат многу амбулантни возила пред аеродромот.

Турција се соочи со неколку бомбашки напади во последниве неколку месеци, предизвикани или од курдските бунтовници или од припадници на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG