Достапни линкови

logo-print

Финансиска полиција ја „чешла“ Општина Струмица


Градоначалникот на струмица Зоран Заев.

Градоначалникот на струмица Зоран Заев.

Финансиска полиција во просториите на Општина Струмица проверува документи за јавни набавки. Засега не се знае кои точно документи ги проверуваат инспекторите, но тие „чешлаат“ документација од последните неколку години. Од Општината велат дека тие им ги обезбедиле сите потребни документи кои инспекторите ги барале. Денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев, кој е од Стумица повторно побара Јавното обвинителство да го испита случајот со, како што наведе, преплатен превоз во Струмица, делењето пари од општината на фирми блиски до лидерот на СДСМ и струмички градоначалник Зоран Заев и функционери на партијата.

XS
SM
MD
LG