Достапни линкови

logo-print

Ципрас - Брегзит да ја разбуди ЕУ


Кризата предизвикана со одлуката на Британците да излезат од Европската унија беше предвидлива, затоа што ЕУ предолго ги занемаруваше клучните принципи на демократијата, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас.

По доаѓањето на вонредниот Самит на лидерите на ЕУ во Брисел, Ципрас изјави дека „Европа западна во предвидлива криза поради дефицит на демократија и отсуство на општествена кохезија и солидарност“, пренесоа грчките медиуми.

Тој додаде дека се надева оти „резултатот од британскиот референдум ќе послужи како повик за будење на Европа“.

Грчкиот премиер истакна дека постои потреба мерките на штедење да се заменат со мерки на раст, поделбите да се заменат со спојувања, невработеноста со добри работни места, а бесконечните преговори зад затворени врати со транспарентност и демократија.

XS
SM
MD
LG