Достапни линкови

Буџетскиот ребаланс низ призмата на партиите


Министерството за финансии соопшти дека со предлог ребалансот на Буџетот ниту еден капитален проект не е скратен. Тие реагираа на денешната прес-конференција на пратеникот од СДСМ Марјанчо Николов.

Од Министерството ги набројуваат проектите во кои се инвестира, како автопати, гасификација, болници, училишта, ученички и студентски домови, за рурален развој. Според Министерството за финансии и со ребалансот, капиталните инвестиции остануваат на историски највисоко ниво. Што се однесува до кратењето на средствата на Државната изборна комисија, се потенцира дека кога се правел Буџетот за 2016 година и кога беше усвоен во Собрание, во Изборниот законик имаше датум за избори, но тие на два пати беа откажани. Доколку се закажат по трет пат ќе се обезбедат средства за спроведување на истите, се посочува во соопштението од Министерството за финансии.

Претходно од СДСМ излегоа со оценка дека ребалансот на Буџетот е антиекономски и антиразвоен и оти со него македонската економија се втурнува во нови долгови во износ од 345 милиони евра.

XS
SM
MD
LG