Достапни линкови

Шкотска сака да остане во ЕУ


Првиот министер на Шкотска Никола Старџен.

Првиот министер на Шкотска Никола Старџен.

Првиот министер на Шкотска Никола Старџен соопшти дека утре ќе отпатува во Брисел за да разговара со лидерите на ЕУ за можноста Шкотска да остане во Европската унија, откако Велика Британија гласаше како целина да ја напушти Унијата. Премиерката Старџен говорејќи пред парламентот на Шкотска рече дека ќе се сретне со претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц и дека ќе ја презентира позицијата на Шкотска директно пред Европската комисија. Таа рече дека излегувањето од ЕУ е против волјата на шкотскиот народ.

„Шкотска јасно гласаше да остане и јас сум решена тој глас да се слушне“, рече Старџен. На референдумот од 23 јуни повеќе од 60 отсто од шкотските гласачи се изјаснија за останување во ЕУ.

XS
SM
MD
LG