Достапни линкови

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ во партиска посета на Брисел


Делегација на владејачката ВМРО-ДПМНЕ предводена од лидерот Никола Груевскиденеска ја започна дводневната работна посета на Брисел, на средба со високи претставници на матичната европска партија, Европската народна партија (ЕПП), како и со други европски политичари.

Во изјава за МИА по средбите, Груевски истакна дека оваа дводневна посета е партиска посета и е во контекст на евроатлантските интеграции на Република Македонија, како и за санирање на штетите по македонската држава настанати од политичката криза, што според него, во земјата ја предизвика опозициската СДСМ.

XS
SM
MD
LG