Достапни линкови

ЕП бара Британија да го забрза процесот за излез


Европскиот парламент денеска побара од Велика Британија да го активира што е можно поскоро членот од Лисабонскиот договорот за излез на земјата од ЕУ, за, како што наведуваат, да се избегне штетната неизвесност и да се заштити интегритетот на Унијата. Во резолуцијата која ја усвоија денеска европратениците се нагласува дека треба да се почитува во целост и внимателно волјата на британскиот народ. ЕП донесе резолуција неколку часа пред да почне европскиот Самит, на кој британскиот премиер Дејвид Камерот треба да им ја претстави на своите колеги политичката ситуација во Британија по референдумот за излез од Унијата. Преговорите може да започнат дури откако Лондон официјално ќе ги информира останатите членки да ја напшти ЕУ. По тоа Лисабонскиот договор предвидува преговори кои би траеле две години.

XS
SM
MD
LG