Достапни линкови

ОН загрижени за ксенофобичните напади во Британија


Високиот комесар на ОН за човекови права изрази длабока загриженост за
последните извештаи за напади и злоупотреба на малцинства во Велика Британија. Комесарот Зеид Раад ал Хусеин денеска соопшти дека расистичките и ксенофобичните изјави се крајно неприфатливи. Тој ги повика британските власти да спречат ксенофобични напади и да ги казнат одговорните.

Неговите коментари доаѓаат еден ден откако полската амбасада во Лондон соопшти дека нивни државјани, но и припадници на други малцинства биле цел на ксенофобични напади во Британија. Биле дистрибирани навредливи летоци против Полјаци, а биле напишани и графити на полскиот културен центар, неколку дена откако Британија одлучи да ја напушти ЕУ.

XS
SM
MD
LG