Достапни линкови

Путин и Ердоган телефонски за нормализација на односите


Рускиот претседател Владимир Путин телефонски ќе разговара со својот турски колега Реџеп Таип Ердоган за првпат по соборувањето на рускиот воен авион од страна на турските сили минатата година, соопшти Кремљ. Портпаролот на Путин, Дмитри Песков денеска рече дека двајцата лидери ќе разговараат утре на иницијатива на руската страна, но предупрди дека за премостување на препреките меѓу двете земји ќе биде потребно време. Односите меѓу двете земји се влошија откако Турција собори руски воен авион во ноември минатата година при што загина руски пилот. Ердоган вчера испрати писмо со извинување во кое бара прошка од семејството на пилотот.

XS
SM
MD
LG