Достапни линкови

Дводневен самит на ЕУ, прв по Брегзитот


Лидерите на Европската унија денеска и утре за прв пат ќе заседаваат по референдумот на кој Британија се изјасни за излегување од Унијата. Вчера германскиот канцелар Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и италијанскиот прмиер Матео Ренци во заедничка изјава истакнаа дека Европа е обединета. Тие наведуваат дека нема да има неофицијални преговори со Британија за идните однсои со Унијата се додека не биде покренат членот 50 од Лисабонскиот договор со што и официјално почнува процедурата за излегување. Британскиот премиер Дејвид Камерон реше дека тоа нема да се случи до септември. Камерон ќе биде во Брисел за да се сретне со неговите колеги од Унијата.

XS
SM
MD
LG