Достапни линкови

САД со жалба до Русија поради малтретирање дипломати


Америкнаски и други западни дипломати пријавиле пораст на бројот на случаи на малтретирање од страна на руските разузнавачки служби. Тоа предизвика повеќе Вашингтон да упати повеќе жалби до Москва, соопшти портпаролот на Стејт департментот Елизабет Трудо. Според неа, вознемирувањето на дипломатите станало толку загрижувачко што државниот секретар Џон Кери лично го покренал тоа прашање со рускиот претседател Владимир Пуитин, како и со шефот на дипломатијата Сергеј Лавров. Трудо додаде дека малтретирањето се зголемило пред две години што се поклопува со периодот кога беа воведени западните санкции врз Русија поради кризата во Украина.

XS
SM
MD
LG