Достапни линкови

Ердоган бара брза нормализација на односите со Русија


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека се надева на брза нормализација на врските со Русија откако изрази жал до семејството на загинатиот руски пилот откако турските сили го соборија неговиот авион. „Се надевам дека ќе ја надминеме сегашната ситуација која е штетна за двете земји и да напредуваме кон брза нормализација“, рече тој. Турскиот премиер Бинали Јирдилим соопшти дека Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин телефонски ќе разговараат на 29 или 30 јуни. Турција собори руски авион во ноември лани за време на воената операција во Сирија.

XS
SM
MD
LG