Достапни линкови

logo-print

Единствена Русија сака Балканот да е неутрален


Владејачката партија Единствена Русија потпишала декларација за соработка со претставници на политичките партии од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија и Бугарија со која потписничките се залагаат за создавање воено неутрална територија на Балканот. Ова е објавено на интернет страницата на Единствена Русија. Притоа не се наведува кој ја попишал декларацијата од балканскиот регион. Во декларацијата се укажува дека за намалување на „меѓународната напнатост“ посебно значење за Југоисточна Европа претставува развојот на иницијативата на „низа балкански политичари за формирање територија на суверени неутрални држави во која би биле Србија, Црна Гора, Македонија и Босна и Херцеговина“. Исто така се нагласува интересот за развој на соработката на овие земји со Евроазискиот економски сојуз.

XS
SM
MD
LG