Достапни линкови

Српските власти непожелни во Сребреница


Градоначалникот на Сребреница Чамил Дураковиќ изјави дека присуството на членови на српското државно реководство на комеморацијата за жртвите од геноцидот во Сребреница на 11 јули е „непосакувано“.

Градоначалникот вели дека организацискиот комитет на церемонијата го зел во предвид инцидентот од минатата година, кога српскиот премиер Александар Вучиќ беше нападнат, како и фактот дека „српското државно раководство негира дека во Сребреница е извршен геноцид“.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ,рече дека оваа одлука на општина Сребреница ја оцени како „лицемерен чекор“.

Секоја година на 11 јули во Босна и Херцеговина се одбележува годишнина од масакрот на 8.000 босански мажи и момчиња во Сребреница во 1995 година.

XS
SM
MD
LG