Достапни линкови

Шеќеринска : Прво услови, па датум за избори


Прво мора да разговараме како ќе се исполнат условите за избори, па потоа да се договара датум за нив, рече заменик претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска. Денеска претставници на политичките партии имаа средби со претставниците на ЕУ и САД. Шеќеринска вели дека тие сметаат оти во Македонија може да има избори и тоа во релативно кус период, избори кои би биле фер и демократски, а сега на партиите им останува да покажат дали се навистина за фер и демократски избори или само сакаат да глумат такви избори.

Таа изјави дека СДСМ активно бара да се намалат казните за медиумите. Што се однесува пак до прочистувањето на избирачкиот список, таа вели дека доколку имало политичка волја, тоа прашање можело да се реши и претходно и дека засега ќе се воздржи од прогнози.

XS
SM
MD
LG