Достапни линкови

„За“ и против притвор за Талески


На јавна седница пред Кривичниот совет на Апелацискиот суд одбраната и обвинителството ги изложуваа своите ставови за притворот на битолскиот градоначалник Владимир Талески. За одбраната барањето за притовор од страна на СЈО е политички реваншизам. СЈО, пак, смета дека Талески може да влијае на сведоците или да побегне доколку остане на функцијата.

Претседателката на Апелацискиот суд, Лилјана Шопова треба да одлучи дали Талески останува во куќен притовор. Денеска попладне членови и симпатизери на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Битола одржаа собир за поддршка на Талески.

XS
SM
MD
LG