Достапни линкови

Британија сама ќе одлучи за стартот на излез од ЕУ


Британскиот премиер Дејвид Камерон рече дека земјата има право самостојно да одлучи кога ќе го активира членот 50 од ЕУ-Договорот. Тој зборуваше на првата парламентарна седница по одлуката за излегување од Унијата. Според Камерон, резултатите се далеку од тоа што тој го посакувал, но дека одлуките треба да се почитуваат. Тој го предупреди Парламентот да не се обидува да го блокира процесот на излегување од Унијата. Портпаролот на Шкотската национална партија во парламентот потоа го предупреди Камерон дека нема намера да ја виде Шкотска надвор од Унијата против своја волја. Повеќе лидери на ЕУ повикуваат Британија што е можно поскоро да излезе од Унијата.

XS
SM
MD
LG