Достапни линкови

Политичарите им збоктисаа на граѓаните


Лавина реакции по интервјуто на Заев за РСЕ. Граѓаните му забележуваат на желбата да биде премиер, но има и такви кои се надеваат дека тој ќе го спаси народот. Негативни рекации има и за говорите на Груевски и на Иванов и за нивната „посветеност“ на спас на државата.

Интервјуто на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за РСЕ на македонски предизвикало лавина реакции на нашата Фејсбук страница. Главно негативни, од тоа дека власт не се освојува без избори и дека „треба да излезете на избори да ве гласаат за да ја добиете власта, не да бегате од избори‟ - како што постирал Слободан Петков, или „Хахаха, Зајко за премиер, кога јас ќе успеам да си го видам тилот‟, како што напишал Аце Самаров. Но Божин Пешиќ има спротивно мислење: „Ај не ... Зоран ваков, Зоран онаков. Ако сте толку писмени и умни одете на негово место, слепци, водете ја вие државата. Десет години сте на власт, што арно видовме – само сиромаштија, ама избори се затоа за да избереш кој не чини да си оди, ни во турско не било вака како досега‟. А Кадри Рушани постирал: „Господине Заев, само ти можеш да го спасиш овој народ што страда од сиромаштија, доста ни се овие криминалци што ја украдоа државата, Господ нека ти е на помош...‟

ВМРО-ДПМНЕ веднаш го оцени интервјуто на Заев како „празно и конфузно‟, на што Сашо Станикиевски ја коментира програмата на владејачката партија: „Море, море, програмиве... за овие 10 години се исели скоро цела младина, па и стари. Ја опљачкавте државата, баш супер програма имате вие од ДПМНЕ!‟

Изјавата на Груевски дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесела и жртви за спас на државата, ја испровоцирало Жаклина Мијалковиќ да постира: „Нема потреба од сатанистички ритуали со жртви, гаду! Врати ги парите и правец затвор Идризово!‟ Александар Шилјо Мијовски, пак, прашува: „Сега ти текна дека државата треба да се сака повеќе од партијата????? Ни буква не ти верувам повеќе!‟ „Грујо, не ми е криво што ме лажеш, криво ми е ако мислиш дека ти верувам!‟ - постирал Игор Димоски.

И Ѓорѓе Иванов со своето обраќање до нацијата предизвикал околу 50-ина коментари од наши фанови. „Абе, човеку, нè копаш во земја сè подлабоко со твоите константни грешки и глупости. Изгубен си во простор и во време...‟ - запишал Дарко Јордановски. Генерално, сите коментари се негативни, освен оној на некоја Снежана Димовска која смета дека претседателот покажал и докажал како се сака и почитува сопствениот народ.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG