Достапни линкови

logo-print

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се судрија околу „Дамјан Груев“


СДСМ е против новиот закон за формирање на универзитет „Дамјан Груев”. Пратеничката група на СДСМ смета дека со повлекувањето и повторно пуштање нов закон за формирање на универзитетот, кој опфаќа формирање три факултети повеќе отколку што предвидувал претходниот, ВМРО-ДПМНЕ признала дека интерпелацијата за претседателката на комисијата за образование Олга Најденовска е основана и оти работи незаконски.

Според СДСМ на ВМРО-ДПМНЕ најважно му е да ги вдоми своите партиски војници, а воопшто не му е важно образованието.

Од владејачката партија, пак, сметаат дека со формирањето на новиот универзитет „Дамјан Груев“ ќе се срушат монополите на одредени факултети, зголемување на конкуренцијата во високото образование и решавање на голем број проблеми на студентите.

XS
SM
MD
LG