Достапни линкови

Договорот Турција - Израел ќе го стабилизира регионот


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој престојува во официјална посета на Рим, рече дека договорот за помирување со Турција ќе помогне да се донесе стабилност во проблематичниот регион. А слична изјава даде и неговиот турски колега. По потпишувањето на договорот земјите ќе ги обноват дипломатските односи. Според договорот објавен денеска Израел треба да плати 20 милиони долари отштета, а со тоа да и овозможи на Турција да финансира проекти за помош во Газа. Односите меѓу поранешните сојузници западнаа во криза во 2010 година кога девет турски државјани загинаа во нападот на израелски командоси врз бродови со хуманитарна помош наменета за Појасот Газа. Секретарот на ОН Бан Ки Мун го поздрави потпишувањето на договорот.

XS
SM
MD
LG