Достапни линкови

Се засилува улогата на НАТО по Брегзит


Улогата на НАТО е уште поголема сега, откако Велика Британија одлучи да ја напушти Европската унија, се согласиле американскиот државен секретар Џон Кери и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Кери очекува Алијансата уште посилна да оди напред, велејќи дека сојузот носи сигурност во време на несигурност во Европа.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг пак, изјави дека по одлуката на Велика Британија, улогата на НАТО е уште поважна сега за кординација околу одбраната и безбедноста. Кери и Столтенбер се сретнаа денеска во седиштето на НАТО. Кери подоцна ќе се сретне со шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, а потоа ќе отпатува за Лондон за да се сретне со британскиот премиер Дејвид Камерон и со министерот за надворешни работи Филип Хамонд.

XS
SM
MD
LG