Достапни линкови

logo-print

Нема неформални разговори за условите за Брегзит


Портпаролот на германската канцеларка Ангела Меркел, Стефен Сеиберт, рече дека не може да има неформални разговори за условите под кои Велика Британија ќе ја напушти Европската унија пред Лондон формално да поднесе известување за својата намера да се откажат од Унијата. Тој рече дека ќе го почитуваат времето потребно Британија да излезе од ЕУ, но дека неисвесноста не може да продолжи засекогаш.

Само Велика Британија може да се повика на членот 50 од ЕУ Договорот за процесот со кој земјата ќе ја напушти Унијата.

Премиерот во оставка Дејвид Камерон рече дека процесот на излегување од Унијата може да потрае неколку месеци, а голем број европски лидери порачаа тоа да се направи што е можно поскоро.

XS
SM
MD
LG