Достапни линкови

Српската полиција спречила криумчарење мигранти


Српската полиција соопшти дека пронашле 29 мигранти без документи и дека уапсиле човек за кого се сомневаат дека криумчарел мигранти. Од полицијата соопштуваат дека денеска ги пронашле луѓето во близина на пограничниот град Прешево. Мигрантите биле сместени во две коли со лажни таблички. Човекот кој ги спроведувал ќе биде обвинет дека нелегално пренесувал луѓе преку граница и дека криумчари мигранти. Криумчарењето на мигранти стапи на сцена откако се затвори балканската рута во март годинава, со што мигрантите беа спречени да заминат во западна Европа.

XS
SM
MD
LG