Достапни линкови

Блокиран ректоратот на УКИМ


архивска фотографија

архивска фотографија

Група студенти од повеќе младински организации и Пленумот, од изутрината го блокираат влезот на Ректоратот на УКИМ со цел да го спречат изборот на нов ректор. Бараат седницата на Сенатот, на која треба да биде избран новиот ректор, да биде одложена се додека не бидат избрани легитимни студентски претставници.

Тие велат дека со 10-те студентски гласа, денешниот избор на нов ректор ќе биде нелигитимен, бидејќи студентските претставници во Сенатот се со истечени мандати.

Ова тврдење на студентите го поддржува и Професорскиот пленум кој смета дека настаната е правна хаварија и дека Ректорот е должен да ја одложи седницата се додека не бидат изберани легални студентски претставници.

Во потесен круг за ректор се универзитетските професори Никола Јанкуловски и Ненад Новковски.

XS
SM
MD
LG