Достапни линкови

Израел и Турција со договор за нормализирање на односите


Израелската влада постигна спогодба за помирување со Турција со цел да завршат шестгодишните тензии меѓу двете земји, изјави еден неименуван израелски официјален претставник. Премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој престојува во официјална посета на Рим, се очекува денеска да ги соопшти деталите од договорот. Односите меѓу поранешните сојузници западнаа во криза во 2010 година кога девет турски државјани загинаа во нападот на израелски командоси врз бродови со хуманитарна помош наменета за Појасот Газа. Според израелските медиуми, со договорот се предвидува оштета за семејствата на загинатите и продолжување на турската помош во Газа.

XS
SM
MD
LG