Достапни линкови

Во ЕУ разговори за Брегзитот


Американскиот државен секретар Џон Кери, лидерите на Европската унија и други европски претставници денеска, како што е најавено, треба да одржат одделни разговори во врска со изјаснувањето на Британија да замине од Унијата. Кери заминува за Брисел и Лондон во непланирани посети поттикнати од изненадувачкиот резултат на британскиот референдум на 23 јуни. Вчера Кери во Рим побара Британија и ЕУ заеднички да работат во смирувањето на берзите како последица од британското гласање кое предизвика страхување меѓу инвеститорите во светот.

XS
SM
MD
LG