Достапни линкови

Сервер - Балканот ќе трпи долготрајни последици од Брегзит


Балканот ќе почувствува моментални и долготрајни последици од излегувањето на Велика Британија од Европската унија, оценува американскиот политички аналитичар Даниел Сервер, додавајќи дека Брегзит ја отвора вратата за зголемено руско влијание.

„Тој регион многу зависи од европската трговија и инвестиции, а уште поважно е политичкото влијание. Брегзит ќе ја отвори вратата за зголемено руско влијание. Владимир Путин сигурно ќе ги зголеми своите притисоци врз Србија, врз Република Српска и врз Македонија да ги одврати од ЕУ и од НАТО“, посочува Сервер.

Тој оцени дека Брегзит е многу лоша вест за Британија, за ЕУ, за САД, за Балканот, но добра за Путин.

На прашањето како САД ќе се постават кон Велика Британија, Сервер наведува дека Вашингтон „ќе се труди да се однесува дека ништо не се случило“.

„Доналд Трамп (најизвесниот кандидат на Републиканската партија за претседател на САД) сигурно ќе извлече некаква корист од тоа, а (неговата ривалка од Демократската партија) Хилари Клинтон ќе изгуби“, посочува Сервер.

XS
SM
MD
LG