Достапни линкови

Папата Франциско ја завршува посетата на Ерменија


Папата Франциско денеска ја завршува својата посета на Ерменија со посета на ерменската граница со Турција. Турција ја затвори границата по конфликтот со отцепениот регион Нагорно-Карабах во Азербејџан во 1992 година. Тој на границата ќе пушти гулаб на мирот. За време на посетата на Ерменија, папата Франциско го осуди „геноцидот“ на Ерменците од страна на Турците од отоманската ера пред еден век. Турција го отфрла терминот геноцид и го отповика својот амбасадор од Ватикан во знак на протест.

XS
SM
MD
LG