Достапни линкови

logo-print

Кери на разговори со ЕУ и Британија по Брегзит


Американскиот државен секретар Џон Кери ќе се сретне со врвот на Европската унија, како и со британските власти, за да разговараат по одлуката на Велика Британија да ја напушти Унијата. Американските власти соопштија дека Кери утре (27 јуни) ќе се сретне со шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини во Брисел, а потоа и со британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд во Лондон.

Висок претставник на американските власти изјави дека Кери ќе им пренесе порака на другите членки да не ја следат Британија што би довело до дополнително ослабнување на ЕУ.

Шефот на Европскиот парламент го повика британскиот премиер Дејвид Камерон да започне формална постапка за напуштање на Унијата на претстојниот самит.

Лидерите на ЕУ треба да се состанат на самит во Брисел на 28 и 29 јуни за да разговараат за последиците од британската одлука, а Европскиот парламент, исто така, ќе одржи специјална седница.

XS
SM
MD
LG