Достапни линкови

Фалуџа во рацете на ирачките сили


Ирачките сили ја зазедоа последната област која беше во рацете на Исламска држава во градот Фалуџа. Командантот на операцијата прогласи дека битката за Фалуџа е завршена денеска на 26 јуни. Генерал-полковник Абдул Вахаб ал Мапа во изјава за државната телевизија рече дека најмалку 1.800 милитанти се убиени во операцијата за повторно заземање на Фалуџа. Ирачката армија беше поддржана од коалицијата предводена одСАД, која извршуваше воздушни напади, како и од паравоени сили, главно шиитски милиции. Премиерот Хајдар ал-Абади прогласи победа над Исламската држава во Фалуџа пред една недела, но борбите продолжија и во внатрешноста на градот. Фалуџа беше под контрола на Исламската држава од јануари 2014 година. Милитантите на ИД се уште контролираат значајни области во северниот и западниот дел на Ирак, вклучувајќи го и вториот по големина град Мосул.

XS
SM
MD
LG