Достапни линкови

Во воздушни напади во Сирија десетици загинати цивили


Најмалку 82 луѓе, од кои 58 цивили, се убиени во руско-сириските воздушни напади во источна Сирија, која е под контрола на Исламската држава. Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека руски и сириски воени авиони на 25 јуни биле насочени кон источниот регион, југоисточно од градот Деир Езор. Организацијата уште наведува дека 58 цивили загинале во воздушните напади, но не прецизира дали останатите се милитанти на Исламската држава. Исламската држава го контролира поголемиот дел од Деир Езор од март минатата година. Од септември 2015 руски воени авиони вршат воздушни напади во знак на поддршка на претседателот Башар ал Асад.

XS
SM
MD
LG