Достапни линкови

Автобуска несреќа во Кина, најмалку 30 жртви


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Најмалку 30 луѓе загинаа во пожар кој избувнал во туристички автобус во кинеската провинција Хунан, јави тамошната државната телевизија.
Системите за видео надзор покажуваат дека во автобусот имало вкупно 56 луѓе кога се случила несреќата рано утрово. Повредените се однесени во болница, а возачот е задржан на сослушување. Причината за несреќата се уште е нејасна.
Сообраќајни несреќи се честа појава во Кина. Повеќе од 250 илјади луѓе умираат секоја година на патиштата во земјата, покажуваат податоците не Светската здравствена организација.

XS
SM
MD
LG