Достапни линкови

logo-print

Турција во нова акција против приврзаници на Ѓулен


Турската полиција денеска привела 28 луѓе за кои постои сомневање дека го финансирале движењето на муслиманскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кој се смета за непријател на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Во најновата операција против приврзаниците на Ѓулен, полицијата врши истовремени рации во неколку градови, вклучувајќи го Истанбул, како и Коња и Кајсери во централниот дел на Анадолија, објави приватната новинска агенција Доган Њуз. Властите го обвинуваат движењето на Ѓулен, со седиште во САД, дека сака да го собори Ердоган, додека Ѓулен ги отфрла овие тврдења.

Ѓулен и Ердоган беа сојузници, се додека полицијата и обвинителството кои гледа сосимпатии кон Ѓулен не отворија истрага за корупција во 2013.Илјадници полицајци, обвинители и судии беа отпуштени од работа или прераспоредени за наводни врски со Ѓулен. Кон крајот на мај, Ердоган, верското движењето на Ѓулен го нарече терористичка група.

XS
SM
MD
LG