Достапни линкови

ЕУ формира тим за процесот на излегување на Британија


ЕУ формираше тело кое треба да ги спроведе преговорите за излегувањето на Велика Британија од Унијата, информираат денеска дипломати во Брисел. За главен преговарач и шеф на телото за излез на Велика Британија во Советот на министри на ЕУ е назначен Дидие Севс, кој ќе ги претставува земјите-членки на Унијата. Тој во моментов е директор на Советот на министри на ЕУ. Претходно беше шеф на кабинетот на поранешниот претседател на Европскиот совет, Херман Ван Ромпуј.

Велика Британија треба официјално да го извести Брисел за намерите да ја напушти Унијата според членот 50 од Лисабонската спогодба за формално да почне процедурата за излегување.

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека ќе поднесе оставка на функцијата за три месеци и оти почетокот на преговорите за излегување ќе му го остави на неговиот наследник. Други земји од ЕУ ја повикаа Британија што поскоро да го почне преговарачкиот процес за излез од ЕУ.

XS
SM
MD
LG