Достапни линкови

logo-print

ИД киднапирала стотици Курди во Сирија


Исламската држава има киднапирано околу 900 претежно курдски цивили во северна Сирија во изминатите три недели во областите каде што курдските сили се борат против исламистичките милитанти источно од Алепо, соопшти вчера Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. Околу 350 од киднапираните се однесени во самопрогласениот главен град на Исламската држава, Рака, додека другите се во други затвори на Исламската држава во Сирија. Киднапираните Курди наводно се присилуваа да копаат ровови и да градат утврдувања. Најмалку 13 се егзекутирани, а петмина била убиени во обид за бегство.

XS
SM
MD
LG