Достапни линкови

Путин во посета на Кина


Рускиот претседател Владимир Путин денеска е во официјална посета на Пекинг, каде што со кинеските лидери треба да разговара за евроазиска интеграција. Кремљ, во пресрет на посетата, соопшти дека во фокусот ќе бидат „големи билатерални проекти за евроазиска интеграција, како и клучни меѓународни прашања“, како што се состојбите во Сирија, Авганистан и на Корејскиот Полуостров. Се очекува да бидат потпишани десетици документи. Путин пристигна во Пекинг синоќа, каде што беше пречекан од кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји. Претходно вчера тој се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг во главниот град на Узбекистан, Ташкент, каде што и двајцата учествуваа на Самитот на Шангајската организација за соработка. Путин и Си од 2013 досега се имаат сретнато петнаесетина пати.

XS
SM
MD
LG