Достапни линкови

Кризен состанок на шесте основачи на ЕУ


Министрите за надворешни работи од шест земји-основачи на Европската унија одржуваат кризен состанок за иднината на ЕУ, еден ден по одлуката на Велика Британија да ја напушти Унијата, по што уследи оставка на британскиот премиер Дејвид Камерон.

На средбата во Берлин – првата од низата состаноци за излез од кризата кои треба да се одржат следната недела, се собраа министрите за надворешни работи на Германија, Франција, Италија, Белгија, Холандија и Луксембург.

По објавувањето на резултатите од референдумот во Британија,германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд повикаа во ЕУ да се направат реформи за да се преброди излегувањето на Британија. Лидерите на ЕУ, исто така, повикаа да се задржи единството меѓу останатите 27 земји-членки.

XS
SM
MD
LG