Достапни линкови

Папата Франциско го осуди геноцидот врз Ерменците


Папата Франциско ја посети Ерменија и го осуди „геноцидот“ на Ерменците од страна на Турците од отоманската ера пред еден век.

„Тажно, таа трагедија, тој геноцид беше првиот од серијата катастрофи минатиот век овозмежени од извртени расни, верски и идеолошки цели кои ги затемниле главите на мачителите до точка на уништување на цели народи“, рече тој.

Турција го отфрла терминот геноцид и го отповика својот амбасадор од Ватикан во знак на протест.

XS
SM
MD
LG