Достапни линкови

Иванов: Летово се очекува втор мигрантски бран


Имаме најави за втор мигрантски бран што се очекува во текот на ова лето, кој ќе биде сосема поинаков од искуствата кои ги имавме со првиот мигрантски бран. Овој бран е веќе тргнат и се чувствува во централно медитеранскиот коридор, изјави претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов при денешната посета на Министерството за внатрешни работи.

Иванов посочи дека денешната посета е во склоп на посетите на институциите и надлежните во справување со мигрантската криза, односно со сите оние кои се вклучени во кризниот менаџмент во справување со сите предизвици кои ги имаме со мигрантскиот бран.

„Сето ова е во функција на најавите дека не очекува втор мигрантски бран. Министерот, заедно со директорите ме информираа за сите научени лекции и сето она што го имавме во првиот бран. Сите мерки се преземени, од голема корист се полицајците од земјите членки на ЕУ и балканскиот регион. Сите активности се синхронизирани, нашиот кризен менаџмент дневно известува за сите обиди за влегување и отворање на балканскиот регион“, рече Иванов.

Тој посочи дека како држава се справуваме успешно и покажавме како треба и другите земји да се справуваат и однесуваат со вакви предизвици.

Според Иванов станува збор за втор бегалски бран кој трнува од Египет, каде моментално се наоѓаат пет милиони мигранти, додека на границите со Судан има 20 милиони потенцијални мигранти од рогот на Африка, кои досега успешно ги контролираше, но и поради состојбата во бегалските кампови во Либан и Турција.

XS
SM
MD
LG