Достапни линкови

logo-print

Богов: Политичката криза носи поголеми ризици


Курсот на денарот ќе остане стабилен, земјата нема да падне во инфлација, не се очекуваат проблеми кај девизните резерви, а поголеми ризици носи континуираната политичка криза која втора година се рефлектира кај кредитирањето,истакна денеска гувернерот на НБРМ Димитар Богов на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет каде на дневен ред беше Извештајот за работата на НБРМ за 2015 година.

Тој додаде дека поради политичката криза, земјата минатата година не го оствари планираниот раст од 4 отсто.

„Стабилноста на курсот на денарот во однос на еврото гарантира дека нема да има големи турбуленции и кај нашите извозници. Тие главно извезуваат кон еврозоната, кон земји кои се деноминирани во евро, така што тука не треба да има дилема. Ниска инфлација и стабилен курс на денарот останува како политика на Народната банка и во наредниот период“, рече Богов.

Според него нестабилните глобални финансиски движења ќе продолжат и во наредните години, а неизвесноста ќе расте доколку и други земји од ЕУ решат да го следат британскиот чекор.

„Македонија да ја стабилизира политичката ситуација, бидејќи во турбулентни времиња какви што претстојат по излезот на Британија од ЕУ“, на земјата и требаат намалени ризици, порача гувернерот Богов.

Тој додаде дека Македонија е мала економија и оти ние не можеме да влијаеме на глобалните движења, но потенцира дека она низ што ќе поминува економијата на Европската унија ќе има влијание и на нашата економија, затоа што македонската економија е извозно ориентирана кон ЕУ и од тоа не може да избегаме.

XS
SM
MD
LG