Достапни линкови

Обама: Односот со Британија е непроменет и покрај „Брегзит“


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека „специјалниот однос“ меѓу САД и Велика Британија е „траен“ и покрај тоа што Британците на референдумот гласаа за напуштање на Европската унија.

Велика Британија на вчерашниот референдум гласаше за напуштање на ЕУ, а премиерот Дејвид Камерон најави оставка во корист на „свежо лидерство“ за земјата.

Во денешното соопштение Обама наведува дека членството на Британија во НАТО останува витален камен-темелник на надворешната, безбедносната и економската политика на САД.

XS
SM
MD
LG