Достапни линкови

Во Шкотска можен нов референдум за независност


Шкотската премиерка Никола Старџен изјави дека гласањето на Британците да ја напуштат Европската унија прави „многу веројатно“ дека Шкоткса ќе спроведе свој референдум за тоа дали да прогласи независност од Велика Британија.

Говорејќи откако беа објавени резултатите за т.н „Брегзит“, Старџен рече дека второто гласање за независност било ставено на маса и оти ќе биде подготвено кога ќе го одобри шкотскиот Парламент.

Референдумот за независноста на Шкотска во 2014 беше неуспешен.

Резултатите од вчерашниот референдум во Британија покажуваат дека Шкотска силно ја поддржа кампањата за останување во ЕУ.

Стареџен вели дека одлуката на Британија да ја напушти ЕУ претставува значителна промена за односите на Шкотска и оправдува уште едно гласање за независност.

XS
SM
MD
LG